ПИЛАНА ВО СТРУМИЧКО НОВО СЕЛО ПЕПЛОСАНА ДО ТЕМЕЛ: Пожарот го гаснеле екипи со четири противпожарни возила
Пожарникарите од Струмица по неколку часовни активности во раните утрински часови успеале да го локализираат пожарот кој во 3 часот во селото Ново Село избувнал пожар во пиланата каде има погон за производство на столици. Од ТППЕ Струмица излегле на терен со 4 противпожарни возила и 10 пожарникари. - Денес (недела) 18.07.2021 година во 03.00 часот во с.Ново Село, ТППЕ Струмица со 4 ПП возила и 10 пожарникари спасители интервенираше на гаснење на запалена пилана со погон за производство на столови. Пожарот е целосно локализиран и ликвидиран околу 06.00 часот. Причинета е голема материјална штета.
Слично
