Пикот на заразите ќе биде следната недела
Пикот на бранот на заболени пациенти се очекува да се случи следната недела, според епидемиологот Сашко Олумчев, кој вели дека бројките растат како резултат на гужвите по моловите, јавниот превоз но и шетањата надвор од државата.
- Контактите во големите градови, во јавниот превоз контактите таму многу се шири вирусот, така да може да имаме уште еден пик, или овој да продолжи и наредните две недели и ќе има многу случаи, вели Олумчев во вестите на ТВ Сител.
Со стартот на второто полугодие вирусите ќе се прошират и во училиштта а дали ќе има и втор наплив на многу болни ќе покаже епидемиолошката состојба.
Според податоците од Институтот за јавно здравје, за три недели од грип починаа 6 пациенти, сите со коморбидитети и невакцинирани, а Олумчев вели дека тоа е последица на задоцнет почеток на лекување на болеста.
