ПИЈАТ МЛАДИТЕ, АМА ПИЈАТ И ПОСТАРИТЕ - на Токсикологија најмладиот 14, најстариот 63 години
Само 14 години, толку има најмладиот пациент кој за новогодишната ноќ во алкохолизирана состојба завршил на Токсикологија.
Дежурните лекари примиле 29 лица кои претерале со пиењето за време на прославата, но велат сите биле лесни случаи и по неколку часа на Клиника ги пуштиле дома. За среќа, оваа година на клиниката нема граѓани примени поради предозирање со дрога.
Немало ни случаи на кома, велат лекарите.
Но, и постарите сакаат добро да се напијат. Најстариот кој завршил на Токсикологија имал 63 години.
Три лица повредени од пиротехнички
направи се примени во Хируршкиот
центар, изјавил доктор Алберт Леши,
додавајќи дека прегледале 105 пациенти.
„Во Хируршки центар беа примени 13
лица, 6 повредени од сообраќајни
незгоди, тројца се повредени од
пиротехнички направи. Еден пациент е
префрлен од болницата „8-ми септември“,
со повреди од остар предмет. Во споредба со претходните години бројот на пациенти е намален. Граѓаните во наредните денови да внимаваат на внес на храна“, изјавил Леши.
