Пијано здравство
Денешното судење во Гевгелија повторно ни ги освежи сеќавањата. Во Гевгелија пред две години умреа мајка и неродено дете. Умреа, а не беа болни. Умреа, а требаше да се радуваат на убавината на животот. Умреа заради лекарска грешка. Анестезиологот во болницата каде се случи овој чин, бил пијан. Ова беше страшно. Слушнав и други мајки од Гевгелија се пожалија дека на пораѓање заминувале додека низ ноздрите го чувствувале пијаниот здив на анестезиологот. Станевме општество со дисторзирани морални нормативи.
Болно и тажно беше да се слуша тагата на разочараниот татко денес. Тагата која не ја препознаа другите татковци и мајки, па да застанат до него и да му дадат поддршка, затоа што и нив, не дај господе, може да им се случи вакво нешто. Пострашно е што овој случај не стана страшен пример кој нема да се повтори. Статистиките се страшни.
Целиот текст прочитајте го на Женски Магазин, овде!
