Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пијана мајка од Кичево ја нападнала малолетната ќерка, МВР ја уапси

Пијана мајка од Кичево ја нападнала малолетната ќерка, МВР ја уапси

Случаите со семејно насилство во земјава не стивнуваат. Покрај бројните ситуации во кои нападнати се сопругзи или повозрасни родители од нивните полнолетни деца, во полициските служби е пријавен нов страшен случај од Кичево. 

Имено, станува збор за мајка од Кичево која под дејство на алкохол ја нападнала својата малолетна ќерка. 

- На 01.07.2026.година во 16 20 часот, на улицата „Иван Трпески“ во Кичево, лишена од слобода е Ј.С.(40) од Кичево по претходна пријава дека во семејниот дом, во алкохолизирана состојба физички ја нападнала нејзината малолетна ќерка - се посочува во објавата на СВР Охрид.   

Слично

Поврзани вести