Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пијан татко претепал две годишно дете, по што тоа завршило во болница

Пијан татко претепал две годишно дете, по што тоа завршило во болница

Пијан татко го претепал две годишниот син по што детето се онесвестило. 

Насилникот ги тепал и другите негови деца и сопругата, завчера во нивниот дом во Скопје.

Мајката го однела детето во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ и ја известила полицијата. Лекарите констатирале телесни повреди кај детето и го задржале на лекување.

Полицијата го уапсила Ф.С.(47), осомничен дека сторил две кривични дела и против него поднела кривична пријава за телесни повреди во вршење семејно насилство, казниво по член 130 став 2 од Кривичниот законик.

Истрагата утврдила дека насилникот кој критичното време бил пијан, а неговата сопруга била на работа, тој го претепал 2-годишниот син, поради што детенцето од ударите паднало во бесознание. Околу 18.30 часот сопругата Ѓ.С. дошла од работа и ги затекнала своите четири малолетни деца заклучени во соба.

Во моментот кога нејзиниот најстар 9-годишен син ја отворил вратата, насилникот ја нападнал мајката. Жената  успеала да избега во собата кај децата кои и раскажале дека татко им ги тепал сите, а најмногу најмалиот брат.

Во разговор со полициските службеници мајката изјавила дека ова не било прв случај на семејно насилство, туку дека тој и порано ги малтретирал неа и децата.

Со помош на Центарот за социјални работи на град Скопје останатите три деца се згрижени во Шелтер центарот.

Откако беше обелоденета информацијата дека двегодишно дете од Скопје било претепано од својот татко, кој за време на инцидентот бил во алкохолизирана состојба, со свој став се поизнесе и Министерството за труд и социјална политика.

„Министерството за труд и социјална политика е запознаено и постапува по случајот во кој двегодишно дете со телесни повреди на 9 август е примено на детска хирургија. Веднаш по пријавувањето на случајот дека таткото, односно сопругот, извршил семејно насилство врз децата и нивната мајка односно сопруга, специјализираниот стручен тим од Центарот за социјални работи на Град Скопје излезе на терен.

На таткото му е одредена мерка притвор во траење од 8 дена,а  здравствената состојба на двегодишното дете е добра и денеска ќе биде пуштено дома. Останатите 3 деца кои вчера беа интервентно сместени во згрижувачко семејство ќе се вратат кај мајката и сите заедно ќе бидат згрижени во Центарот за лица жртви на семејно насилство. Воедно, Центарот ќе иницира постапка за изрекување мерки за времена заштита од семејно насилство.

Слично

Поврзани вести