Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПИЈАН НЕГОТИНЕЦ КОЈ НЕМАЛ ВОЗАЧКА УКРАЛ АВТОМОБИЛ: Скршил рампи на наплатните станици на автопатот

ПИЈАН НЕГОТИНЕЦ КОЈ НЕМАЛ ВОЗАЧКА УКРАЛ АВТОМОБИЛ:  Скршил рампи на наплатните станици на автопатот

Неготинец украл возило под дејство на алкохол и без возачка скршил рампи на наплатни станици на автопатот. 

На автопатот А1, вчера во 23.15 часот на бензинска пумпа во близина на Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го уапсиле М.Д.(26) од Неготино.

Тој украл автомобил „ауди“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на  С.Д.(38) од Неготино, кое според пријавеното било паркирано во двор на чичко на пријавителот во Неготино и потоа со возилото на автопатот, во правец кон Велес, скршил рампа на наплатна станица  „Виничани“, а по кратко време повторно скршил рампа на наплатната станица  „Виничани“, но во правец кон Неготино.

Полицијата преземала мерки, по што М.Д. бил принуден да го запре возилото. Го управувал возилото пред да се стекне со право на управување и со 1.54 промили алкохол во крвта. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Слично

Поврзани вести