ПИЈАН КАВАДАРЧАНЕЦ ПРЕСТИГНУВАЛ КОЛОНА ОД СЕДУМ ВОЗИЛА НА СЕМAФОР - лицето е уапсено, ќе си добие и пријава
Министерството за внатрешни работи објави дека е уапсен кавадарчанец кој возел под дејство на алкохол и престигнал долга колона возила кои чекале на црвено светло на семафор.
- На 18.10.2025 во 15:30 часот на улица „Илинденска“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода П.К.(48) од Кавадарци.
При преземање мерки по сторен сообраќаен прекршок, односно откако тој со патничко возило „рено“ со кавадаречки регистарски ознаки престигнал седум возила кои биле застанати на црвено светло на семафор, утврдено е дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,02 промили алкохол во крвта - соопштуваат од МВР.
Од МВР додаваат дека лицето е задржано во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Фото: Принтскрин/Фејсбук/МВР
Слично
