Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПИЈАН, ДРОГИРАН И БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА: Македонски државјанин возел со 173 километри на час на автопатот Ниш-Белград

ПИЈАН, ДРОГИРАН И БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА: Македонски државјанин возел со 173 километри на час на автопатот Ниш-Белград

Македонец пијан и дрогиран возел со 173 километри на час на автопатот Ниш-Белград. 

Српската полиција утрово запрела македонски државјанин на возраст од 32 години, кој возел пијан и дрогиран по автопатот Ниш- Белград со брзина од 173 километри на час, на место каде што ограничувањето изнесува 130 километри на час, јави дописникот на МИА од Белград.

Сообраќајната полиција на наплатната рампа Врчин кај Белград околу 4,43 часот запрела автомобил марка „Порше Карера“, кој го возел  државјанин на Северна Македонија, соопшти полицијата.  Утврдено е дека тој возел без да има положено возачки испит и со 0,28 промили алкохол во организмот, а со тестот за дрога утврдено е дека е под дејство на кокаин. Возачот е приведен во службените простории на полицијата и против него ќе биде поднесена прекршочна пријава.

Слично

Поврзани вести