ПИЈАН ДЕДО ОД ОХРИДСКО „СОБРАЛ“ ШЕСТ АВТОМОБИЛИ И ПРОДОЛЖИЛ ДА ВОЗИ - одземена му е возачката дозвола и сообраќајни документи
Повозрасен жител од охридското село Коњско е уапсен и одземена му е возачката дозвола, а бил и исклучен од сообраќај откако собрал шест паркирани возила.
Но, иако оштетил повеќе автомобили лицето К.Р. на 79 годишна возраст, не застанало, туку си продолжил да вози како ништо да не се случило. Откако е уапсен, утвредно е дека е во алкхолизирана состојба, по што е исклучен од сообраќај.
- На 25.06.2026 во 12:20 часот на улица „Питу Гули“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода К.Р.(79) од охридското село Коњско. Тој, претходно, на булевар „Туристичка“ во Охрид, управувајќи патнички автомобил „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода во која оштетил шест паркирани патнички автомобили, по што не застанал, туку продолжил да го управува возилото.
По преземени мерки, тој е пронајден и при извршено алкотестирање, кај него биле утврдени 1,51 промили алкохол во крвта, по што одземени му се возачките и сообраќајни документи и е исклучен од сообраќај - се посочува во соопштението на СВР Охрид.
Од таму најавуваат дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Слично
