Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПИАРОТ НАВЛЕГУВА ВО ЛАГА КОГА ГИ ИМАМЕ ФАКТИТЕ“: Мустафаоглу наспроти градскиот татко 'ќе има 44 нови вработувања во градската администрација'

„ПИАРОТ НАВЛЕГУВА ВО ЛАГА КОГА ГИ ИМАМЕ ФАКТИТЕ“: Мустафаоглу наспроти градскиот татко 'ќе има 44 нови вработувања во градската администрација'

Советничката во Град Скопје, Дарја Мустафаоглу, од редовите на опозициската Левица, по седницата на град Скопје, од која градоначалникот се пофали дека спречил непотребно вработување во градската администрација, излезе со сосема спротивен став. 

Таа на социјалните мрежи сподели видео од нејзиното обраќање, но и објаснување со кое посочи дека наспроти стоприраните 20-тина нови вработувања, се планираат нови над 40 вработување во градот и во градската администрација. 

- Добро сум проценила дека ќе си извади рил градоначалникот за “храбриот потег” да не дозволи 21 вработување во Градската администрација по распишан јавен оглас од претходното раководство.

Но, реалноста е поинаква, а согласно годишниот план за 2026 (предложен од актуелниот градоначалник) во Градската администрација ќе имаме не 21, туку 44 нови вработувања за 42 позиции

Пиарот навлегува во лага кога ги имаме фактите… - пишува во објавата на Мустафаоглу. 

Воедно таа сподели и видео во кое се обраќа од градското собрание и истакнува дека во планот за вработување во градот за оваа година се планираат многу позиции, од кои дел биле пополнети со преземање луѓе од општина Кисела вода, но посочи и на позиции кои нејзе и звучат како непотребни. 



Фото: Принтскрин/фејсбук

Слично

Поврзани вести