Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пежо-Ситроен со помала загуба, но и со помал приход

Пежо-Ситроен со помала загуба, но и со помал приход
Француската автомобилска компанија Пежо-Ситроен, во првите шест месеци од годинава ја намали својата нето загуба за речиси 50 отсто. Ова се должи на напорите на компанијата да заштеди и да ги преструктурира своите активности. Во периодот јануари-јуни нето загубата на компанијата достигнала 426 милиони евра, додека една година претходно изнесувала 818 милиони евра. Како резултат на паднатата продажба, прометот на Пежо-Цитроен е намален за 3,8%, на 27,7 милијарди евра. Од компанијата наведуваат дека ги чувствуваат првите знаци на финансиско закрепнување.
Слично

Поврзани вести