Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петте столба на кои се потпира програмата – Најдоброто за Карпош

Петте столба на кои се потпира програмата – Најдоброто за Карпош

Изборниот штаб на Општина Карпош со детали за програмата на кандидатот за градоначалник на СДСМ, Душко Вескоски.

Нашиот Карпош не е само територија, нашиот Карпош се вредностите што ги граделе многу генерации во изминатите четири и пол децении. Нашиот Карпош е симбол на развојот на постземјотресно Скопје, симбол на солидарноста, заедништвото и хуманоста.

Ние, карпошани, имаме обврска да продолжиме да ги развиваме тие вредности и гордо да ги пренесуваме на идните млади поколенија. Нашиот Карпош е интелектуален, економски, социјален и еколошки двигател на Градот Скопје.

Одлучни сме целосно да го искористиме овој потенцијал преку поставување и одржување на уште повисоки стандарди на хумано и планско урбано живеење.

Запознајте се со деталните планови предводени од кандидатот за градоначалник на Општина Карпош и петте столба на кои се потпираат следните 4 години.

Петте столба на кои се потпира нашата програма:

1. Хумана урбанизација

·  Градење плански со заштита на јавниот интерес согласно со уставните принципи за хумано живеење и почитување на приватната сопственост;

·  За секој квадрат нов бетон ќе има двојно повеќе зелени површини;

·  Не може да има нови градба без соодветно сообраќајно решение и доволно паркинг-места.

2.Зелена агенда

·  Во овој мандатен период да се заврши терцијарната мрежа за гасификацијата да стигне до домовите на граѓаните;

·  Инвестирање во алтернативни извори на енергија;

·  Фотоволтаици на покривите на јавни објекти;

·  Изградба на модерни депонии што ќе го преработуваат отпадот во енергија;

·  Субвенции за електрични тротинети, велосипеди…

3.Економски развој

·  Инвестиции од централната власт;

·  Промена на даночни политики за сопственици на повеќе недвижности - најавата на Град Скопје за зголемен данок за недвижности што не се користат;

·  Сервисирање долгови, укинување на парафискални давачки, социјални трансфери;

·  Поддршка на претприемаштвото и отворањето нови бизниси преку микромапирање на потребите на граѓаните во одреден реон, маало...

4.Мој градоначалник

Дигитален систем за непосреден контакт на градоначалникот и советниците со граѓаните и постојана, брза, ефикасна размена на информации за услуги од надлежност на локалната самоуправа, соработка со НВО-секторот и партиципација на нивни претставник во кабинетот на градоначалникот.

5.Инфраструктурни инвестиции – Држава без кал

·  80 милиони евра преку Светска банка што ги реализира МФ за изградба на локални патишта;

·  45 милиони и ТАВ за водоводна и канализациски мрежи во општините;

·  Атмосферска канализација;

·  Реконструкција на полски патишта;

·  Изградба на велосипедски патеки.


Слично

Поврзани вести