Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕТТА РУНДА: Собранието продолжува со конститутивна седница-до кога ќе се одолговлекуваат важните прашања?

ПЕТТА РУНДА: Собранието продолжува со конститутивна седница-до кога ќе се одолговлекуваат важните прашања?

Парламентот ја продолжува конститутивната седница а на дневен ред уште е изборот за претседател на Комисијата за избор и именување на претседател на Собранието.

Овие точки се на дневен ред веќе пет дена, меѓутоа за нив воопшто не дојде ред да се расправа, а се губи време на „албанската платформа“, прислушуваните разговори и кој што направил за Македонија.

Пратениците не престануваат да се фаќаат за гуша и покрај повиците на Вељаноски да прекинат репликите и контрарепликите.

СДСМ ги обвини претставниците на коалицијата на ВМРО ДПМНЕ дека оневозможуваат избор на претседателот на Собранието со честото и долго јавување на реплики и контрареплики.

Конститутивната седница беше прекината на 30 декември лани, а потоа продолжи пред пет дена.

Слично

Поврзани вести