Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПЕТТА ГОДИНА ПО РЕД“: пратеникот од Левица, Сашко Јанчев испешачи 160 километри во чест на идеалите на Гоце Делчев

„ПЕТТА ГОДИНА ПО РЕД“: пратеникот од Левица, Сашко Јанчев испешачи 160 километри во чест на идеалите на Гоце Делчев

Денес, по четврти ден пешачење и поминати над 150 километри, пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, пристигнува во Скопје со што ќе го заврши годинешниот „Марш за Гоцевите идеали“ - симболична и револуционерна почит кон делото и борбата на Гоце Делчев.

Ова е петта година по ред како Јанчев го реализира овој подвиг, започнувајќи од Гевгелија завршувајќи пред вечното почивалиште на Гоце Делчев во Скопје.

Левица ја поздравува и поддржува оваа традиција, која претставува жив спомен на револуционерната мисла, но и практична борба против заборавот и политичката амнезија. Левица ќе продолжи да ги одржува и негува вредностите за кои се бореле македонските револуционери.



Слично

Поврзани вести