ПЕТРУШЕВСКИ: Предложениот закон за Кочани од СДС е гол популизам
Предложениот закон за Кочани од СДС е гол популизам и политичко глодарство, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Вели Владата најпрвин преку СОЗР обезбеди 30 милиони денари за лекување, транспорт, а потоа со одлука на Влада се доделија еднократни парични средства за семејствата на починатите.
„Владата најпрвин преку СОЗР обезбеди 30 милиони денари за лекување, транспорт и престој на две лица иако во законот е наведено за едно лице од семејството за лекување во странство комплетно е финансирано од Владата и ова во законот е неприменливо затоа што веќе е спроведено од страна на Владата. Со одлука на Владата се доделија овие средства, со одлука на Влада се доделија еднократни средства исто така семејствата на починатите иако финансискиот момент им е непријатно што го зборувам ова вака меѓутоа се исплатени во неколку транши 700 илјади денари на семејствата на починатите, по 700 илјади денари на секој и на наменска сметка во Црвен крст се собрани 130 милиони денари затоа што Владата има таква можност и сите оние компании, фирми, работодавачи што дојдоа во Владата и сакаа да финансираат беа насочени таму и затоа се собра толкав голем број на средства“, изјави Петрушевски во гостување на Телма.
Во пожарот во Кочани на 16 март загинаа 62 луѓе, а беа повредени околу 200.