Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕТРОВСКИ: МИЛИЈАРДЕРИТЕ САКААТ ДА ПОСТАВАТ ПОСЛУШНИК, за да си ги заштитат парите и да си обезбедат имунитет

ПЕТРОВСКИ: МИЛИЈАРДЕРИТЕ САКААТ ДА ПОСТАВАТ ПОСЛУШНИК, за да си ги заштитат парите и да си обезбедат имунитет

Поранешниот пратеник и политичар, Филип Петровски, познат уште од времето на студентските протести, кој промени неколку државни функции како член на партијата ВРМО-ДПМНЕ, преку свој пост на социјалните мрежи со „остра“ критика кон актуелното водство на партијата. 

Според него се прават „комбинации“ со кои богаташите од нашата земја ќе се здружат со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и ќе ги заштитат своите пари стекнати нелегално во транзицијата. 

Еве што точно напиша Петровски на Фејсбук: 

- Олигархијата која во матната транзиција го приватизираше и присвои без пари општествениот капитал, преку Анџушев (вицепремиерот на Заев) се здружиле во тајност за да го промовираат Мицко. Запрашајте се сами кои се врските, очекувањата и ветувањата.

Еве да помогнам: амнестија и амнезија за криминалната транзиција, корупција, темен вилает на политички тргувано влијание и индулгенција за сите трансакции...

Во суштина МИЛИЈАРДЕРИТЕ сакаат да постават ПОСЛУШНИК за да си ги заштитат парите и да си обезбедат имунитет во релациите со државата.

Нешто слично како што делуваат РОКФЕЛЕРИТЕ во САД. Недопирливи за системот.

Ова, може да заклучиме, со сигурност од партиите прави АКТИВИСТИ на големиот капитал, параван за се што е потребно, каде што обичниот човек станува само небитна бројки - пишува Петровски на оваа социјална мрежа, а неговиот пост може и сами да го прочитате.


Неговиот пост очекувано предизвика многу граѓани да му реплицираат. Меѓу нив има такви кои дадоа свое видување на што се должат промените, но има и такви кои потенцираат дека прерано се суди. 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести