Петровски до Савески: Вие сте лажен месија
Филип Петровски од ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Само вистина на Канал 5 го обвини Здравко Савески од Левица дека е лажен месија и дека се прави дека зборува во името на сиромашниот народ.
„Кажувате пароли кои се научени на памет. Вие сте лажен месија. Еве и јас ќе зборувам во името на сиромашниот народ“ - рече Петровски.
Савески рече дека нема потреба од навреди. Тој кажа дека многу политичари на граѓаните им ветуваат розови сценарија, а тие не сакаат да ги лажат граѓаните и да им ветуваат сешто.
Тој кажа дека од странските инвестиции нема ништо. Како пример ги наведе Веибо.
Петровски за себе си кажа дека со години бил опозиција на екс премиерот, Никола Груевски и го критикувал. За новиот лидер, Христијан Мицкоски рече дека исто така го критикува за начинот на кој беше избран.
Тој вели дека може да создаде и фракција во партијата.
