Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕТРОВСКА ЗА ЗАКОНОТ ЗА БРАНИТЕЛИ: Излезе на виделина лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ

ПЕТРОВСКА ЗА ЗАКОНОТ ЗА БРАНИТЕЛИ: Излезе на виделина лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска вели дека денеска се запечати најголемата лага на ВМРО-ДПМНЕ, а излезе на виделина нивното лицемерие, познато како пред и по избори.

„Вистината е дека денес пратениците на ДПМНЕ гласаа против Законот за бранителите. Во декември 2023 го блокираа Законот за вработени во одбраната, под изговор дека додека не се донесе тогашниот предлог на Законот за бранителите нема да се донесе Законот за вработените во одбраната. Реалноста е дека Законот за вработени во одбраната е донесен, ама денес не го поддржаа одблокирањето на Законот за бранители. За 8 месеци власт, десетина лаги на ДПМНЕ се обелоденија, но најголемата вистина е дека ним граѓаните никогаш не им биле важни“, пишува Петровска. 

Од Левица велат дека ВМРО-ДПМНЕ ги остави бранителите на цедило. 

Слично

Поврзани вести