ПЕТРОВСКА ЗА НОВИТЕ МИНИСТЕРСТВА: ВМРО - ДПМНЕ не дадоа одговор на ниту едно прашање, за тоа дали ќе има нови вработувања
Пратеничката oд СДСМ Славјанка Петровска, во емисијата „Само вистина” на Канал 5 телевизија изјави дека скандалозно е што системски закон со којшто се формираат нови министерства во Собранието се донесе во скратена постапката и со целосно исклучување на експертската јавност.
„ДПМНЕ го предлага законот за сабајле, го гласа после полноќ, ја исклучува експертската јавност, остануваат глуви на коментарите на експертите и велат дека ова е реформски закон, што ќе ја спасува државата“, рече Петровска.
Таа вели дека од ДПМНЕ не дадоа одговор на ниту едно прашање, за тоа дали ќе има нови вработувања, дали ова ќе значи делумно отпуштање на постојната администрација, ако тоа се прави по кои критериуми ќе се прави.
Слично
