Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петровска тврди дека нема хациенда во Радишани, бара Ковачки да се извини или ќе го тужи

Петровска тврди дека нема хациенда во Радишани, бара Ковачки да се извини или ќе го тужи

Ковачки лаже, ќе го тужам ако не ми се извини, изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска откако пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ ја обвини дека има имот кој го крие во Радишани. 

Таа вели дека ниту нешто крие, ниту во иднина ќе крие.

„Никогаш не сум го поседувала имотот кој беше посочен од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Единствено што поседував е плац, што е уредно продаден пред повеќе од десетина години“, изјави министерката.

Таа рече дека пратеникот има рок од 24 часа да се извини, а во спротивно, како што рече, против него ќе поднесе тужба за клевета, а парите ќе ги донира на жртвите од владеењето на екс премиерот Никола Груевски.

Петровска го повика Ковачки да се извини на семејството што е легален сопственик на имотот и да престане со, како што рече, старите навики на незаконско следење и фотографирање.

„Славјанка Петровска видно вознемирена од фактите изнесени на денешната прес конференција заборави да каже дали таа според место на живеење е евидентирана на ул. Радишанска и дали тоа е истата улица и објект на кој се наоѓа луксузната Хациенда со базен?, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

На прашање на 24инфо, директорот на Катастар, Борис Тунџев одговори дека информациите изнесени од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки за министерката за одбрана Славјанска Петровска, се голема лага и манипулација со граѓаните.

Слично

Поврзани вести