Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петровска стави потпис: Делови од 5 милиони евра за воените хеликоптери

Петровска стави потпис: Делови од 5 милиони евра за воените хеликоптери

Министерката за одбрана Славјанка Петровска потпиша договор за набавка на делови од Чешка за македонското воено воздухопловство.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и чешкиот амбасадор Јарослав Лудва денеска во Министерството ја потпишаа Рамковната спогодба.

Систематски ќе се набавуваат резервни делови, поправка на делови и снабдување со потрошен материјал за потребите на транспортните хеликоптери Ми-8/17, хеликоптерите Бел 206 и авионите Злин 242Л.

Рамковната спогодба е во вредност од 5 милиони евра, а договорот е активен во следните пет години. Договорот е изготвен по принципот Влада-со-Влада .

„Военото воздухопловство се соочуваше со системски недостатоци во набавката и одржувањето на хеликоптерите и авионите, нешто што денеска се решава со Рамковен договор кој значи потполна функционалност на хеликоптерите и авионите во рамките на Армијата, сè до набавката и ставањето во употреба на новите хеликоптери за кои очекувам набрзо да се донесе и одлука“, рече министерката на средбата.

 Воздухопловно-ремонтниот завод „ЛОМ-Прага“ во моментов врши ремонт на два армиски транспортни хеликоптери кои треба да бидат вратени во земјата во првата половина на 2024 година.. „ЛОМ-Прага“ е ремонтен центар кој функционира согласно највисоките стандарди на Алијансата. Тоа е компанија во чешка државна сопственост.


Слично

Поврзани вести