Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петровска: Со донацијата за Украина не се намалува капацитетот на нашата армија

Петровска: Со донацијата за Украина не се намалува капацитетот на нашата армија

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска изјави дека Македонија нема да испраќа војници во Украина, а воената донацијата која ќе биде испратена за таа земја останува класифицирана.

„Доделивме воена опрема и вооружувања, согласно барањето на украинските власти. Нивното барање беше класифицирано, така што и нашата одлука е класифицирана. Дадовме информација, бидејќи сакавме да бидеме транспарентни. Помошта е согласно барањата. Со донацијата не се намалува вооружувањето и капацитетот на нашата Армија“, изјави министерката. 

Прашана дали барањето од Украина до наша страна е исполнето, министерката рече дека е „одговорено на она што може да се одговори“.

За сместувачкиот капацитет за евентуални бегалци ќе се размислува откако сознанијата ќе бидат подетални.

„Се разгледуваат капацитетите и се гледа што може да се направи за примање на бегалци. Засега бегалски бран кон нас нема, но ќе понудиме капацитети во рамки на нашите можности. Прво треба да знаеме кои граѓани би се упатиле кон нас, но во секој случај капацитетите кои се користеа претходно, сега се проверуваат во каква состојба сум. Владата ќе излезе со подетални информации“, додаде Петровска

Слично

Поврзани вести