Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петровска: Следната година 2 отсто од БДП за одбрана

Петровска: Следната година 2 отсто од БДП за одбрана

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, најави дека планот за следната година е одбранбениот буџет да изнесува 2 отсто од БДП, колку што бараат НАТО-стандардите, во интервју за „Рацин.мк“.

„Само на тој начин нашата Армија забрзано ќе може да биде целосно усогласена со новите технологии во оваа област, а опремата која ја користиме ќе биде целосно интероперабилна со онаа на сојузниците.После долги години невложување во одбраната конечно има одбранбен буџет и Армија рамноправна со своите сојузници во Алијансата, компатибилна со Армиите на земјите членки со кои стоиме заедно во одбраната на мирот. 

Овие вложувања го градат новиот лик на Армијата на Северна Македонија, рамноправна со своите сојузници во Алијансата, компатибилна со Армиите на земјите членки на Алијансата кои стојат заедно во одбраната на мирот, безбедноста и вредностите на своите граѓани“, потенцираше Петровска.

На тема модернизација и опремување на Армијата, министерката за одбрана истакна дека во Армијата повеќе не се зборува за недостаток на лична опрема и на основни средства како до пред неколку години, туку дека станува збор за набавка на системи кои ги унапредуваат и осовременуваат армиските способности и капацитети, како лесните оклопни возила JLTV Oshkosh, од кои дел се веќе пристигнати, оклопни транспортери Stryker, францускиот систем за противвоздушна одбрана за мали височини, MISTRAL 3, и набавка на артилериски системи од сојузничка Турција. 

Два транспортни хеликоптери на Армијата Ми-8МТ се во фаза на ремонтирање, во соработка со Чешка.

“Денеска зборуваме за припадници на Армијата на кои државата им возврати со зголемени примања, со решено станбено прашање, со постојан дијалог за унапредување на правата  и со неверојатни можности за напредок во кариерата“ потенцираше Петровска.

„Поддршка за процесот на модернизација и опремување на Армијата доаѓа и од стратешките партнери на Република Северна Македонија. „Солидарноста во НАТО не е само збор, таа е акција. Минатата година САД нè поддржаа со вкупно 137 милиони долари, пари кои ќе бидат вложени во опремување и моденизација на Армијата, што ако  споредиме е половина од нашиот одбранбен буџет за годината“, додаде таа.


Слично

Поврзани вести