ПЕТРОВСКА: Северна Македонија е подготвена да прифати на лекување украински војници
Северна Македонија е подготвена да прифати на лекување украински војници, рече министерката за одбрана, Славјанка Петровска.
Таа не ја исклучува можноста ранети украински војници да се лекуваат во македонските болници. Но, вели дека за ваквата идеја засега не разговарале на седница на влада. За идејата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, претседателот Стево Пендаровски разговарал на самитот Украина - Западен Балкан.
„Имајќи го во предвид искуството кое како министерство за одбрана и како армија го имаме со тренинзите кои ги спроведовме на крајот на минатата година, кога околу 120 припадници на украинската армија беа обучувани на тренинг центарот Криволак, таа идеја како Mинистерство за одбрана ќе ја подржиме и ќе ги ставиме на располагање сопствените капацитети, врз основа на претходно направена проценка и со министерството за здравство и другите институции кои треба да бидат вклучени во ова“, вели Петровска.
Украински војници се лекуваат во повеќе странски земји.