Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕТРОВСКА: Се радувам на тужбата која е најавена од Мицкоски, и едвај чекам

ПЕТРОВСКА: Се радувам на тужбата која е најавена од Мицкоски, и едвај чекам

Славјанка Петровска, екс министерка за одбрана и aктуелан ратеничка од СДСМ, одговори за најавената тужба од премиерот Христијан Мицкоски.

Таа вели дека последните инциденти ја покажува неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ да ја води една од најважните институции, а тоа е полицијата.  

„Се случи грабеж во центарот на Скопје сред бел ден. Се случи пукање во Скопје, имавме престрелки. И кога секој еден, вклучувајќи и јас како пратеник, прстот ќе го впериме кон претседателот на Владата, тогаш тој не може да се затскрива емотивно зад неговото семејство и да се заканува со тужби. Фокусот е кон овие 2 милиони граѓани кои бараат да им се гарантира безбедноста. Никој после овие инциденти не може да каже дека се чувствуваме безбедност, а одговорноста е кај премиерот. Се радувам на тужбата која е најавена, и едвај чекам. Апсоултно имам аргументи“, рече Петровска за Тв 21. 

Мицкоски вчера изјави дека Петровска на суд ќе треба да докаже како тој нарачувал убиства. 

Слично

Поврзани вести