ПЕТРОВСКА СЕ ОТКАЖА ОД ТРКАТА: СДСМ денеска избира нов лидер
Политичката партија СДСМ денеска избира нов лидер.
Вчера од трката се повлече поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска,
па на денешните избори ќе се гласа за тројца кандидати.
Регистрираните 23.000 членови со право на глас ќе бираат меѓу се екс министерот за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче, Јован Деспотовски директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ) и Александар Бајдевски заменик-министер за информатичко општество и администрација. Гласањето ќе се спроведе во општинските организации од 8 до 20 часот а победник ќе биде кандидатот кој ќе освои 50 отсто плус еден глас од излезените гласачи.
Новиот претседател на СДСМ ќе има мандат до март идната година поради измените во статутот при изборот на Ковачевски за претседател на партијата и доколку статутот не се смени во март ќе се организираат нови внатрепартиски избори. Димитар Ковачевски се повлече по лошиот изборен резултат.
