Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕТРОВСКА: Реакција за настаните во воздухопловната навигација М-НАВ имаше и од НАТО

ПЕТРОВСКА: Реакција за настаните во воздухопловната навигација М-НАВ имаше и од НАТО

За упадот во контролата на летање кој се случи неодамна, имало интерес и од НАТО. Министерката за одбрана Славјанка Петровска вели дека имало реакција од НАТО во однос на случувањата во операторот за воздухопловна навигација М-НАВ. Сепак, како што кажа тоа не било во форма на официјална писмена реакција.

„Кога зборуваме за НАТО да не заборавиме дека и ние сме во НАТО. Комуникацијата која ја имаме на секојдневна основа, но на различни нивоа, дека биле поставувани прашања во рамки на тоа што се случува асполутно, да. Официјална писмена реакција, барем до Министерството за одбрана нема. Меѓутоа, секој вид на комуникација ние го сметаме можеби не за загриженост, туку за заинтересираност за тоа што се случува што е сосема легитимно. Во тој момент на тој ден, на аеродромот во Скопје слетаа два авиона од НАТО-земји членки со определна намена, така што јасен е интересот на земјите членки на НАТО кои што го изразуваат ова. Многу е важно, кога што и да се случи како оваа ситуација во М-НАВ, да постои реакција и да постои соодветно постапување. Владата го заврши својот дел од задачата, ги разреши директорите за кои сметаше дека недоволно добро ја менаџирале институцијата. Сега ги повикуваме во интерес на граѓаните и јавноста ги  останатите институции да го завршат професионално и без никакво влијание својот дел од работата“, рече Петровска. 

Таа потсети дека уште минатата недела за случувањата во М-НАВ имала консултација со премиерот Димитар Ковачевски и кажала дека компромис со безбедноста на македонското небо не смее да има. 

Ковачевски денеска за прв пат се огласи во јавноста за инцидентот со тепањето на контролори во македонски навигации (М-НАВ) во четвртокот и рече дека работењето на синдикатот на контролата на летање ќе биде разгледан од Државниот инспекторат за труд, а ќе има и посебен извештај од Агенцијата за цивилно воздухопловство. Кажа дека таму имало семејни вработувања. 

Слично

Поврзани вести