Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петровска: Парите од нивите завршиле во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, дали се вмешани обезбедувачи на Мицкоски?

Петровска: Парите од нивите завршиле во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, дали се вмешани обезбедувачи на Мицкоски?

Славјанка Петровска од СДСМ тврди дека парите од продажбата на нивите во Делчево, случај што го отвори Управата за финансиска полиција а беше обелоденет на денот кога требаше да се гласа за недоверба на Владата во Собранието, завршиле во партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавноста е запознаена дека Управата за финансиска полиција има отворено предистрага за нелегално финансирање на политичка партија.  Станува збор за голем скандал.

Според јавно објавените информации преку препродажба на ниви по десеткратно повисока цена обезбедени се милионски средства, на нелегален, криминален начин.

Постои основано сомневање дека на крајот овие црни пари завршиле во белиот дворец“, вели Петровска.

Засега единствено е познато, според она што брифираше „Финансиска полиција“ е дека земјиште во Делчево е продадено на енергетска компанија за многу помала сума на хартија во предизборниот период.

„Јавно прашаме дали во овој скандал на нелегално финансирање се вмешани лица блиски до Христијан Мицкоски? Дали меѓу тие лица се и членови на обезбедувањето на Мицкоски и функционери на ВМРО-ДПМНЕ? Очекуваме одговори и од Мицкоски: каква е неговата поврзаност со овој скандал?“, додаде Петровска.


Слично

Поврзани вести