Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ:  Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ

Кандидатката за партиски претседател, Славјанка Петровска бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ. 

Петровска на прес-конференција ги повика противкандидатите во недела да не се одржат изборите за нов лидер на партијата и да се формира привремено партиско раководство кое дополнително ќе ги закаже внатрепартиските избори кога ќе се создадат услови за тоа.

Петровска кажа дека досегашниот изборен процес бил нефер и се осврна на неколку забелешки зошто треба да се одложат изборите. Ја спомена регистрацијата на членството која не се вршела лично од самите членови, како и дека  некои од противкандидатите ги злоупотребиле личните податоци на дел од членовите на партијата. 

Кандидатот Александар Бајдевски бара итно да се изјаснат надлежните за базата на податоци за членството на СДСМ и за заштита на личните податоци на членството.

„Надлежен за базата и за заштита на личните податоци на членството е генералниот секретар на СДСМ. Барам тој, како и комисијата надлежна за спроведување на изборите, итно да се изјаснат за обвинувањата на другарката Петровска“, категоричен е Бајдевски.

Во текот на денот имало средба на кандидатите за лидер на СДСМ, на која не присуствувал само Венко Филипче.

Слично

Поврзани вести