ПЕТРОВСКА НЕ ЗНАЕ КОЈА Е ПРИЧИНАТА ЗА ТАКВАТА ИЗЈАВА НА ДЕСПОТОВСКИ: „Коментарите едни за други да ги оставиме за други времиња“
„Јас реков принципиелно дека повеќе сакам да зборувам за тоа која е мојата визија и она што сакам јас да направам. Мислам дека коментарите едни за други можеби треба да ги оставиме за некои други времиња, а повеќе да се сконцентрираме на тоа која е нашата платформа и со што ќе настапиме пред членството кое верувам дека многу добро не познава“, рече Петровска во вчерашното гостување во емисијата „24 анализа“ на Телевизија 24.
Славјанка Петровска, една од кандидатите што официјално влезе во трката за претседател на СДСМ вели дека во изминатите години од нејзиното членување во партијата, членовите најдобро колку е сработено. Изјавата на Петровска доаѓа откако нејзиниот сопартиец и противкандидат за лидерското место Јован Деспотовски при поднесувањето на кандидатурата рече дека клучната разлика од останатите противкандидати е што тој нема да зборува туку ќе работи.
„Знаат со која динамика се вклучувам во активностите на процесите, така што со Јово Деспотовски, како и со останатите кандидати, се познавам долги години, сме работеле заедно на проекти. Но, како што реков, членството е тоа што најдобро знае за секој еден од нас колку сработил во делот на партиското дејствување“, рече таа.
Прашана дали и Деспотовски знае колку таа има сработено, Петровска рече дека не знае која е причината за таквата изјава и оти не би сакала да ја толкува.
„Јас реков принципиелно дека повеќе сакам да зборувам за тоа која е мојата визија и она што сакам јас да направам. Мислам дека коментарите едни за други можеби треба да ги оставиме за некои други времиња, а повеќе да се сконцентрираме на тоа која е нашата платформа и со што ќе настапиме пред членството кое верувам дека многу добро не познава“,рече Петровска.
За сите овие години заедничко дејствување внатре во партијата, вели Петровска ,сите сме свесни за одредени предности или слабости кои секој од нас ги има.
„Но, не верувам дека потенцирајќи туѓа слабост, која можеби членството ја знае и ја препознава, меѓутоа потенцирајќи ја од моја страна, не сметам дека ќе ме направи поголема во очите на членството. Ќе се држам до она што е напишано во мојата програма и во она што ќе бидат моите визии пред членовите на СДСМ“,вели Петровска.
