Петровска: Македонија нема да испрати војници во Украина доколку дојде до судир
Mинистерката за одбрана, Славјанка Петровска во емисијата 24 анализа зборуваше за улогата на Македонија како членка на НАТО и нејзината улога во украинската криза и рече дека Македонија нема да испрати војници доколку дојде до судир.
„Македонија е земја членка на НАТО, но согласно Вашингтонскиот договор не може да испраќа војници на територија на туѓи држави кои не се дел од НАТО Алијансата, кои не се дел од колективната одбрана на НАТО“, вели таа.
Рече дека во ниту еден момент не употребила терминологоја дека ќе објавуваме војна на некоја друга држава.
Слично
