Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕТРОВСКА Е ЗАГРИЖЕНА: лица кои во минатото биле одбивани за НАТО сертификат, сега под политички притисок врз Воената служба за безбедност се позитивно ревидирани

ПЕТРОВСКА Е ЗАГРИЖЕНА: лица кои во минатото биле одбивани за НАТО сертификат, сега под политички притисок врз Воената служба за безбедност се позитивно ревидирани

Поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска со реакција за смените во АРМ и Министерството за одбрана.
„Последните кадровски промени во Армијата и Министерството за одбрана се непотребни, несоодветни и се чекор назад.

Смената на неколку генерали со исклучително професионални армиски досијеа е неоправдано и неприфатливо. Несфатливо е Генерал кој секогаш добивал признанија и позитивни оценки од сојузниците и кој има уште многу да даде за Армијата, да би "пензиониран" и прераспореден од оперативна Команда во Сектор во Министерството.

Ме загрижуваат информациите дека лица кои во минатото биле одбивани за НАТО сертификат, сега под политички притисок врз Воената служба за безбедност се позитивно ревидирани.

Ова е индикатор за порозност на службата, која во иднина, по потреба може да биде злоупотребена за повисоки цели“, напиша таа.


Слично

Поврзани вести