Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕТРОВСКА ДО КАСАМИ: Не за крстот туку фатете се да го исчистите градот

ПЕТРОВСКА ДО КАСАМИ: Не за крстот туку фатете се да го исчистите градот

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска го искара тетовскиот градоначалник Билал Касами, поради крстот на Попова Шапка кој општината сака да го урне. 

Вели дека Касами треба да го исчисти градот или да изгради парк, а не да се занимава со крстот.  Кажа дека Тетово е преубав град под Шара, а има толку многу проблеми. Министерката рече дека секој да се насочи кон решавање на тие проблеми, така и локалната самоуправа во Тетово. 

„Членка на ЕУ не се станува со кревање на сопствените рејтинзи, се станува со мудри политички одлуки, па дури и тоа да значи страдање на сопствените рејтинзи, но тоа треба да се донесе. Најдобро е да се држиме сите до тоа што ни е надлежност во нашето работење. За жал во Тетово еден прекрасен град под Шара има толку многу проблеми кои локалната самоуправа треба да ги реши така што нека се зафатат час поскоро со средувањето, разубавувањето на градот и конечно изградбата на паркот кој толку многу тетовачани го сакаат, а не со некои други теми. Враќањето назад не носи добро никому“, изјави Петровска.

Претседателот на Достоинство и директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов вели дека крстот нема да падне. 

Слично

Поврзани вести