ПЕТРОВСКА: Нема ништо спорно околу набавката на хеликоптерите
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска за ТВ21 изјави дека нема ништо спорно околу набавката на хеликоптерите за Армијата вредна 230 милиони евра, која стана предмет на Државната комисија за спречување на корупција.
„Нема ништо спорно околу оваа набавка. ДКСК има право да истражува доколку има сомнежи и да отвори предмет. Постапката е спроведена согласно закон. Јас ги поздравувам напорите на Антикорупциската комисија, и јас како министерка и целото министерство ќе соработуваме целосно и ќе ги доставиме сите документи кои ќе помогнат во истрагата. Набавката е во согласност со законот за набавка во одбраната на безбедноста“, рече Петровска.
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвора предмети за набавката на осум хеликоптери за Армијата вредна 230 милиони евра и за набавката на 22 амбулантни возила преку тендер на Министерството за здравство.Татјана Димитровска, претседателката на комисијата, потврди дека тие отвориле предмет за овој случај по допрен глас, од медиумите.
