ПЕТРИТ САРАЧИНИ ДО ВЛАДЕ МИЛЧИН: Како професорот се вклучи во хајка против мене заедно со „левите Димчиња“
Петрит Сарачини, еден од препознатливите ликови на Шарената револуција и поранешен дел од ПР тимлот на Министерството за култура, во јавноста излезе со остра критика кон Владе Милчин, професор и поранешен прв човек на фондацијата Сорос во Македонија.
Тој со забелешка за Милчин дека јавна поддршка на нападите врз него на социјалните мрежи од, како што самиот ги нарекува „левите Димчиња“, алудирајќи на партијата Левица и нивните приврзаници.
„Да драги мои. Верувале или не. Владе Милчин, некогашниот директор на фондацијата на Сорос, познат хипик, уметник, револуционер шеес-осмаш, се вклучи во хајката на левите Димчиња и нивните гавази, во која бев „обвинет“ за едно „големо“ злосторство: споделување на содржини на Цивил по Фејсбук групи и пејџови. Да сум ти бил кабает затоа што споделувам вистина, со име и презиме, ачик и без криење, а не со ботови и фејк профили.
Фотографијата на која се гледа моето име и презиме и групи и пејџови каде што сум споделувал содржина на Цивилмедиа, во кои нема омраза, или лажни вести, или стари вести препакувани како нови кои често знае да ги сподели во последно време Милчин а потоа да се прави недоветен кога ќе го соочат со вистината, беше споделена од професорот со коментар – „крај“.
Гледам во коментарот и не ми се верува. Се присетив на 2011 година и протестите за Мартин Нешковски, кога токму овие што ме „обвинуваат“ а кои тогаш гласно викаа „Ние не сме партија“ за потоа да направат фашо партија, како што и предвидував и предупредував, бараа Милчин и „сороспиите“ да бидат избркани од протестите. Тогаш кога сите молчеа, јас говорев на пленумот на Мајка Тереза во одбрана на Милчин и „соросоидите“ (ничим изазван) и ги замолчав димчињата“, пишува меѓу другото Сарачини во својата колумна.
Тој додава дека застанал во одбрана на Милчин токму, како што вели, кога го напаѓале оние што сега ги споделува, тогаш кога бил брутално, па и физички напаѓан, лустриран итн, па и самиот ја заработил етикетата „соросоид“, која ја носи и ден денес, а нема, како што потенцира, земено ни денар од таа фондација.
„Вчера, Милчин ми „врати“ за мојата одбрана и солидарност. Со споделување на хајката на левите Димчиња, кои го прогласуваа за кодош, предавник, сороспија. И тоа хајка за што? За нешто што не се ни трудам да го кријам, напротив – го правам со задоволство, споделување на ФБ содржини во кои нема лаги, омраза, дезинформации, кои се потпишуваат со име и презиме, и се споделуваат со име и презиме“, потенцира во колумната Петрит Сарачини.
