Петре Шилегов го претстави планот за најголемата пешачка зона во Европа
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов го претстави планот со кој Скопје до 2024 ќе ја отвори најголемата пешачка зона во Европа со затворање на улицата 11 Октомври, односно Димитрие Чуповски (од Собрание до Палома Бјанка) со која се добиваат 71 хектар, или 730 000 m2 зона без автомобили.
Градоначалникот вели дека досегашниот рекорд го држат пешачките зони во Гент (Белгија) и Портеведра
(Шпанија) и зафаќаат површина од околу 50
хектари.
„На истата улица ќе биде овозможен сообраќај само на автобусите на БРТ системот. Со затворањето само на оваа улица, движењето на пешаците ќе биде непречено од Стара Железничка (почетокот на улица Македонија) се до крајот на Бит Пазар“, објави Шилегов.
Со затворањето на Мал Ринг на овој потег од улицата ќе биде
овозможено движење исклучиво за
автобусите на БРТ системот. Со тоа се
овозможува непречено движење на
пешаците од Стара Железничка се до крајот
на Бит Пазар и од Собрание до
крстосницата кај Палома Бјанка, најави тој.
Слично
