Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов, поранешен градоначалник на Скопје и член на СДСМ, со пост на Фејсбук побара оставка од лидерот Венко Филипче.

„Македонското законодавство познава убиство од небрижност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само)убиство со умисла!!! Или тешка Ви е одговорноста ? Или Ви тежи договорот? Или си СДСМ или си тезгарош!!! М? Прашањата ќе ги поставиме после празниците. Да не се разводиме во меѓувреме. Демек, добар ви е тајмингот. Нова Година, Божиќ, ќе се заборави…” Да!!! Барам оставка на ‘претседателот’ на СДСМ!“, пишува Шилегов. 


СДСМ само што направи промени, но и за тоа имаше критики од ВМРО-ДПМНЕ. Велат дека СДСМ оди во стечај и дека кадрите на Филипче се кадри на екс премиерот Зоран Заев. 

Слично

Поврзани вести