Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петорица полицајци приведени, земале денари, евра и алкохол на македонско-грчката граница

Петорица полицајци приведени, земале денари, евра и алкохол на македонско-грчката граница


Полициските службеници М.М. (50), С.O.(36), Р.С. (41), M.K (37) и Д.Д (41) се приведени и задржани во СВР Струмица, по сознанија дека примале мито на македонско-грчкиот граничен премин „Богородица“.

МВР соопшти дека акцијата се должи на претходни оперативни сознанија, а при претресот кај осомничените се пронајдени денари и девизи во вкупна вредност од 822 евра и алкохолни пијалоци.

Во текот на денот заедно со доказниот материјал ќе бидат предадени на надлежниот јавен обвинител.


Слично

Поврзани вести