Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петнаесетгодишно девојче на велосипед тешко повредено по удар од автомобил

Петнаесетгодишно девојче на велосипед тешко повредено по удар од автомобил

 Петнаесетгодишно девојче од Скопје кое управувало велосипед ноќеска половина час по полноќ е потешко повредена, откако била удрена од автомобил.

Несреќата се случила на крстосницата од булеварите „Србија“, „Видое Смилевски - Бато“ и „Јане Сандански“.

Патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.К. (24) од Скопје, удрило во 15-годишното девојче. 

Таа се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде и била укажана лекарска помош и била задржана на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје

Слично

Поврзани вести