Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петнаесетгодишник со мотоцикл усмрти пешак во демирхисарско

Петнаесетгодишник со мотоцикл усмрти пешак во демирхисарско

Петнаесетгодишник со мотоцикл вчера усмрти пешак во демирхисарско, објави МВР. Малолетникот и неговиот совозач заврпиле во Клиничката болница Битола.

„На 25.09.2024 во СВР Битола било пријавено дека во 20.15 часот на ул.„Битолска“ во Демир Хисар, мотоцикл со демирхисарски регистарски ознаки, управуван од 15 – годишник од с.Журче, демирхисарско, удрил во пешакот П.Л.(73) од Демир Хисар.

Од здобиените повреди на местото починал пешакот П.Л., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола“, објави полицијата.

Неговиот сопатник Д.Ј. (19) се здобил со тешки телесни повреди,а со повреди се стекнал и самиот малолетник, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото на несеќата извршиле увидна екипа на СВР Битола и јавен обвинител.


Слично

Поврзани вести