Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петмина повредени во тешка сообраќајка кај Охрид

Петмина повредени во тешка сообраќајка кај Охрид

Во тешка сообраќајна несреќа вчера во Охрид помеѓу два автомобила со повреди завршија петмина патници.

Синоќа во 19.35 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу с. Мешеишта и с.Требеништа, дошло до судир помеѓу патничко возило „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 36-годишно лице од с.Мешеишта и патничко возило „Опел Мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 41-годишно лице од од Скопје.

Од судирот со тешки телесни повреди се здобиле двајца  сопатници во возилото „Опел Мерива“, на возраст од 61 и 66 години. Тие биле пренесени и задржани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Со телесни повреди се здобил уште еден сопатник во возилото „Опел Мерива“ на возраст од 36 години од Скопје, како и возачите на двете возила. По укажаната помош тие биле пуштени на домашно лекување.

Слично

Поврзани вести