Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕТМИНА ПОВРЕДЕНИ ПАЦИЕНТИ ДЕНЕСКА СЕ ВРАЌААТ ОД СРБИЈА, 33 ОСТАНУВААТ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСКИТЕ КЛИНИКИ - најнов билтен од Министерството за здравство

ПЕТМИНА ПОВРЕДЕНИ ПАЦИЕНТИ ДЕНЕСКА СЕ ВРАЌААТ ОД СРБИЈА, 33 ОСТАНУВААТ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСКИТЕ КЛИНИКИ - најнов билтен од Министерството за здравство

Денеска се враќаат уште пет пациенти од лекување од Србија, по што во странство остануваат хоспитализирани 33 пациенти, кои беа повредени во страотниот пожар во Кочани. 

Министерството за здравство информира дека денеска уште пет пациенти од повредените во трагедијата во Кочани се враќаат од лекување од Србија, по што согласно протоколот тројца пациенти ќе бидат под опсервација на Клиниката за пластична хирургија, еден пациент во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“, а еден пациент на сопствено барање лекувањето ќе го продолжи во приватната клиника „Жан Митрев“.

Во земјава во моментот се лекуваат вкупно тројца пациенти, од кои во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“ еден пациент, а во приватната болница Систина двајца пациенти.

Во текот на утрешниот ден е најавено враќање на еден пациент од Белгија, кој ќе биде под опсервација на Клиниката за пластична хирургија.  

Слично

Поврзани вести