Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петличковски: Во јануари 6-мина вакцинирани со три дози починале, од кои најмладиот е 48-годишен човек

Петличковски: Во јануари 6-мина вакцинирани со три дози починале, од кои најмладиот е 48-годишен човек

Aлександар Петличкoвски, новиот претседател на Комисијата за заразни болести во дневникот на ТВ Сител изјави дека шест лица кои се вакцинирале со три дози починале од ковид. 

Вели дека постојат неколку причини зошто има висок број на починати од почетокот на пандемијата, а тоа е влошено здравје, недоволна имунизација, недостаток на медицински лица…

„Според извештаите, во јануари 6-мина вакцинирани со три дози починале, од кои најмладиот е 48-годишен човек. Четворица од нив имале коморбидитети како карцином, дијабетес и нарушено здравје“, рече Петличковски. 

Во најновиот извештај на Министерството за здравство, стои дека од вкупниот број на починати лица (n=28),  17 лица се целосно вакцинирани, а кај сите лица се регистрирани коморбидитети.

Слично

Поврзани вести