Петличковски вели можно е да имаме нов бран наесен
Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски вели дека треба да бидеме внимателни и да се подготвиме за евентуален нов бран.
Тој вечерва во гостувањето на телевизијата Телма изјави дека сега се наоѓаме во многу помирен дел од пандемијата, но треба да бидеме внимателни бидејќи не знаеме што ќе ни донесе есента.
„Мислам дека имаме неколку месеци, пролет и лето, кои ќе бидат стабилни и мирни. Од есен ќе правиме нови планови како понатаму,“ рече Петличковски.
Вели дека иако во моментов голем дел од европските земји имаат високи бројки на новооткриени случаи, оптоварувањето на нивните здравствени системи е мало, и затоа со повеќе прибегнуваат кон олабавување на мерките.
За 24 часа во Македонија има 96 заразени со коронавирусот, а починати нема. Ковид мерките кај нас се олеснети. Маски треба да се носат во болници, аптеки, старечки домови и во јавен превоз.
Слично
