Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петличковски најави скрининг-тестирање за имунитет на коронавирусот

Петличковски најави скрининг-тестирање за имунитет на коронавирусот

Од понеделник ќе се прави скрининг-тестирање за имунитет на коронавирусот во Македонија. 

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски во гостување на Сител најави дека од понеделник ќе стартува скрининг-тестирање по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на КОВИД-19 има населението. Тоа ќе помогне во планирањето на идните активности и на Комисијата и на државата.

Тестирањето се планира да се прави на примерок од 1.000 испитаници во Скопје, но најави дека има можност и да се прошири во целата држава.

Со илјада испитаници од Скопје или две до три илјади од земјава, нагласи Петличковски, нема да имаме најпрецизни податоци, но, ќе имаме патоказ на каде се движиме, а тоа, нагласи, ни е неопходно за да може да ги планираме следните мерки како Комисија и како држава.

Слично

Поврзани вести