Петковски до Ковачевски: Имате тенко мнозинство
Eкс претседателот на НСДП, Тито Петковски и се обрати на Владата и на премиерот Димитар Ковачевски му порача дека е со тенко мнозинство.
Ваквата реакција следува откако на седница пред два дена е разрешен директорот на ПУИК, Кристијан Трајковски. Петковски е револтиран од потегот за разрешување на Владата, кој доаѓа откако Трајковски се пријави да биде противкандидат на сегашниот претседател, Горан Мисоски, на внатрепартиските избори. Според Петковски, потегот на Владата не може да се оправда.
„Горан Мисовски е пратеник во Собранието, а Владата е со тенко мнозинство и евентуален конфликт со него би бил на штета на Владата. При тоа, Владата на некоректен начин ги обесхрабрува младите, образовани и успешни кадри. Конечно, крајно некритичниот однос на Владата кон раководствата на партиите што ја поддржуваат, кога станува збор за кадровскиот потенцијал, без сомнение, широко и ја отвара вратата на партократијата наместо на демократијата“, посочува Петковски.
Според него, на новото раководство на НСДП, во кое е Мисовски, не му требаат непријатели, самото ќе си ја растури партијата.
