Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петков во Битола ќе слета со хеликоптер

Петков во Битола ќе слета со хеликоптер

Бугарскиот премиер Кирил Петков, во придружба со бугарската потпретседателка Илијана Јотова, во сабота ќе ја посети Битола, а според се уште непотврдени информации, делегацијата ќе допатува со хеликоптер.

Според агендата, тој би присуствувал само на активностите во Битола по што веднаш би се вратил во Софија,

Петков и Јотова во Македонија ќе промовираат проекти, делумно финансирани од бугарската држава, а денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека член од Владата би се сретнал со бугарскиот премиер во врска со проектот на АД ЕСМ за делоковод преку кој Бугарија ќе може да извезува електрична енергија за европските пазари.

Посетата е во функција на промовирање на повеќе проекти за бугарската заедница овде меѓу кои и проектот да се донесе литература, книги и весници на бугарски јазик за опремување на читалната во Охрид.


Слично

Поврзани вести