Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петков вели дека ако има рамка што можеме да добиеме од добрососедството, компромисите ќе бидат примени полесно

Петков вели дека ако има рамка што можеме да добиеме од добрососедството, компромисите ќе бидат примени полесно

На средбата помеѓу бугарскиот премиер Кирил Петков и македонскиот Димитар Ковачевски  ќе се утврди динамиката на разговорите. 

Ова го најави Петков  за БТВ. Тој зборуваше дека добрососедството е услов за напредок и очекува компромис. Посетата на Петков во Македонија се планира за крајот на месецов.

„Кога имате таква една рамка, за мислење за тоа што сите можеме да добиеме од добрососедството се надевам дека и компромисите по темите кои бугарската Влада ги чека од македонската држава, ќе бидат примени по полесен и подобар начин“, вели Петков.

Специјалниот претставник на македонската Влада, Владо Бучковски, како посебен момент од најавата за циклусот преговори помеѓу новите влади во Македонија и Бугарија ја издвои изјавата на бугарскиот премиер Кирил Петков дека не можат да се занемарат македонските црвени линии. Оваа изјава него му влева оптимизам. 

Слично

Поврзани вести