Петков уверува дека францускиот предлог е шанса која Македонија не треба да ја испушти
Премиерот на Бугарија, Кирил Петков ја убедува Македонија дека не треба да ја испушти шансата и дека сега треба да го прифати францускиот предлог.
Тој вели дека оваа тема бара лидерство, а неговата Влада е разнишана. Toj до македонските власти и опозицијата упати повик да ја прифатат оваа шанса.
„Не ја пропуштајте оваа шанса, сега е можноста Македонија да направи голем чекор напред. Не треба никој да си го мери политичкиот успех според тоа. Тоа е толку важна кауза од национална важност за Макеоднија и се надевам дека лидерство ќе биде покажано и од нивна страна“, рече Петков во Брисел.
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски вчера во Брисел изјави дека нема да го прифати францускиот предлог. Но, францускиот претседател Емануел Макрон уште се надева дека ќе постигне договор меѓу двете земји, со цел Бугарија да го крене ветото и Македонија да ги почне преговорите. Во Бугарија имаше политички партии кои повикаа дека овој предлог за нив е многу добар и дека не треба да го испуштат.
